Ракометниот клуб „Охрид“ во недела ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата со скопски „Пролет“. Нашите ракометари очекуваат победа и три бода на табелата.
Ракометниот клуб „Охрид“ со скопски „Пролет“ ќе го одигра третиот меч во плејофот од Супер лигата. Пролет ќе биде трета шанса за првите бодови на табелата бидејќи во претходните два меча со Вардар и Металург охриѓани претрпеа пораз.
Оваа година од Пролет изгубивме во двата мечеви кои ги одигравме во регуларниот дел од Супер лигата. Сето тоа кажува дека се работи квалитетен тим составен од добри играчи. Ние не се оптоваруваме со нив бидејќи сме сконцентрирани на нашиот тим. Можиме да се пофалиме со одлична одбтрана. Тоа го докажавме и во натпреварот со Металург. Очекуваме победа и можеме да се надеваме на три бода , вели голманот Благојче Трајкоски.
Трајкоски рече ако не освојат три бода тоа за клубот ќе преставува неуспех. Славиша Димитриески потсети на турбуленциите во ракометниот клуб и на промените кои настанале во неговиот состав, но кажа дека сега се веќе екипирани и очекуваат добра утакмица.
Екипата за разлика од нашата во континуитет е иста, кај нив нема измени освен натренерска позиција поради тоа имаат мала предност поради нивната уиграност, но на последната утакмица со мЕталург покажавме и докажавме дека можеме да се носиме и со појаки екипи. Затоа се надевам на добар натпревар. Предност ни е што играме на наш терен и пшред наша публика па се надевам дека бодовите ќе останат тука, рече Димитриески.
Натпреварот ќе се одигра в недела со почеток во 18 часот во СРЦ „Билјанини извори“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град