Синоќа во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“, младите ракометари од 10 до 12 годишна возраст од Охрид и Струга, ги одмерија силите. Победи екипата на РК Охрид 2011.
Ракометот во Охрид се враќа на голема врата, а младите се неговата иднина. Вчера во спортската сала на О.У. „Григор Прличев“, средната категорија на ракометари од Охрид и Струга одиграа контролен натпревар, со цел младите да видат што значи двобој со противници од својата возраст како и да го почуствуваат пулсот на паркетот, вели Ѓоко Апостолоски тренерот на младинската школа на РК Охрид 2011. Тој додава дека очигледно е тоа што кај младите преовладува спортскиот дух, а пред се ентузијазмот и веќе за наесен подготвуваат екипа во националните кадетски лиги за натпреварувачката сезона.
„Пред се со младите е специфично да се работи сите имаат голема желба, меѓутоа се темпераментни и со нив мора да се работи чуствително затоа што во нивниот период на развој треба да се обрне внимание на многу работи. Во секој случај јас сум презадоволен од одзивот и од она што го покажуваат дечињата“.
Познато е дека Струга претставува расадник на ракометарските репрезентативци, вели проф. Јаковче Матлиески тренерот на РК Јуниор Струга. Само со упорна работа, вежби, тренинзи а секако и со дисциплина, децата можат да се профилираат во врвни спортисти во иднина, додава Матлиески.
„Има околу 90 деца кој прекрасно се снаоѓаат во ракометната игра и ако сакаат да спортуваат само во РК Јуниор можат да напредуваат. Чест ни е што сме во Охрид кои почнаа да работат со мали категории и во иднина ќе имаме почести средби“.
Младите ракометари од двете екипи подготвени за предизвик. Дел од нив настапија за прв пат, некои се пофалија со повеќе утакмици и голови, но сепак очигледно е дека децата се соживеале со ракометот.
Синоќа победи Охридската екипа. Но според тренерите не беше важен резултатот, туку да се види колку децата научиле од тренинзите и секако во рамките на нивните можности да покажат една квалитетна игра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град