Ова е пораката на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, кој денеска посети неколку социјално загрозени семејства. Тој на семејствата им додели еднократна помош со основните намирници за велигденската трпеза.
„Постојат работи кои се прават од срце а не од интерес“, рече претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов кој денес ги посети социјално загрозените семејства. Михаилов истакна дека постојат луѓе со сериозни егзистенционални проблеми кои тешко преживуваат и на кои мора да им се помогне.Тој додаде дека пакетот со најосновните прехрамбени производи кои денес им го донира на ваквите семејства, им се дава од се` срце.
„Да направиш едно добро е исто како да изградиш манастир“. Оваа стара народна поговорка е добро кажана и треба да се применува почесто, рече Михаилов. Тој додаде, „сега разбирам дека луѓето имаат потреба од наједноставни работи“. Михаилов рече дека денес се помога на оние семејства кои јавно побарале помош од партијата.
Мрмачоски Димче кој е вдовец, со солзи во очите ја дочека оваа помош. Кратко изјави дека неговите маки се многу големи, но добро било што сепак постојат хумани луѓе.
Михаилов, заедно со својот тим од неколку советници и истакнати активисти, најавија дека од денес партијата ќе се залага за што повеќе вакви хумани акции. Денес помогнале на една самохрана мајка со две деца која немала пари ниту за храна, а и во наредните два дена ќе имало уште посети на вакви семејства со помош еднаква за сите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град