Рак, мерак, простотилак

Охридската Вмро Дпмне со критики кон градоначалникот Петрески.

 |  Лионела Јаковлева  | 
logo
лого

Охридската Вмро Дпмне со критики кон градоначалникот Петрески. Тие велат дека претставниците на градоначалникот за овие четири години  лиферувале пропаганда за неговото наводно успешно менаџирање, бојадисано во розово во ликот и делото на градоначалникот, истоврмено фрлајќи дрва и камења по централната власт. Вмровците реагираат на негативните коментари од страна на градоначалникот во врска со неодамнешната ненајавена посета на  државната просветна инпекција „Замислете инспекцијата да најавува кога ќе доаѓа и што ќе контролира“, рече раководителот на Центарот, Спасе Панџак.

Не изостанаа коментарите и околу последниот социјален случај со самохраната мајка. Панџак вели дека Охрид располага со најголем буџет од сите општини во државава па ако сака може да ги реши ваквите случаи, а не да се повикува на центарлната власт.

pres konferencijaНа  пораката од Петрески, Владата да не гради колиби од слама туку станови за бездомници, во ВМРО-ДПМНЕ останаа без текст. Но, не се воздржаа а да не го прокоментираат инцидентот кој настана на отварањето на туристичкиот саем.

Инаку, Центарот за комуникации има ново раководство кое денес беше за прв пат промовирано. Раководител е Спасе Панџак, а портпароли се Александра Белевска и Бобан Крстаноски.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top