Рача, ново предградие на Охрид

Се средува влезот на Охрид од источното крајбрежје. На патниот правец Охрид – Св. Наум интензивно се работи на асфалтирање, поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, а се уредува и нова пешачка патека во тој дел, која води до најблиските плажи. Со тоа надлежните велат дека безбедноста во сообраќајот на тоа место ќе се издигне на едно повисоко ниво а истовремено местото и естетски ќе биде уредено.

 |  Николоска Биљана  | 

Населбата Рача станува предградие на Охрид. Во моментов екипи на „Македонија Пат“, во соработка со ЈП „Нискоградба“ Охрид и „Градски гробишта“ работат на уредување на просторот на раскрсницата на влезот од Рача, како што обелодена директорот на Македонија пат секција Охрид Крсте Ташкоски.

„Моментално правиме подготовка за асфалтирање на раскрсницата на регионалниот пат Охрид-Св Наум, при крај сме, од ЈП ја градат пешачката патека за влез на плажите и ЈП Градски гробишта поставуваат бекатони на островчињата па и кружниот тек се надеваме дека ќе биде готов утре, со тоа се надеваме дека ќе се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот“ – вели Ташкоски.

Ташкоски проговори и за одржувањето на патиштата од страните на коловозот кои се обраснатаи со трева, како и за крпење на ударните дупки, кои се под нивна надлежност. Тој нагласи дека вложуваат максимум напори со расположливите средства, кадар и механизација за да одговорат на секојдневните активности, но не сакаше да ја открие сумата на буџетски средства кои им се доделени за оваа намена за 2015, согласно програмата.

„Косиме повеќе од месец и половина, ние имаме околу 100 км магистрални и регионални патишта од прва категорија, во дупла должина од двете страни одржуваме над 200 км со тие луѓе и механизација толку е. Моментално ударните дупки во голем дел ги имаем закрпено, остана мал дел на магистралниот Охрид-Битола и до крај на неделава ќе ги закрпиме и нив“ – појаснува Ташкоски.

Кадровскиот дефицит на патари, односно луѓето ко треба постојано да се присутни по патиштата, претставува еден од проблемите со кои се соочува Македонија пат, покрај оној со недостиг на современа механизација за одржување на патиштата, признава Ташкоски. Тој вели дека се случува нивните екипи да се присутни дури по 24 часа на терен посебно во зимскиот период. Очекува државата во најскоро време да преземе чекори со цел да обезбеди подобрување на условите за работа посебно на секциите во земјава.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top