Градоначалникот Петрески и највисокото раководство на СДСМ од пред Чинарот ги повикаа охриѓани да го кренат гласот.
Продолжува работното лето на СДСМ во Охрид. По вчерашните посети на општина Дебрца и населените места во охридско, денес градоначалникот Петрески и највисокото раководство на СДСМ стационирани пред Чинарот. Оттаму ги повикаа охриѓани да го кренат гласот на изборите во 2013 година. Потретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, рече дека поради успешноста на нивниот проект „Работно лето“, донеле одлука да одиграат и второ полувреме кое ќе го спроведуваат во текот на Август, Септември и Октомври. Јовановски истакна дека посетата на Охрид е исклучително значаен дел од нивното работно лето и уште еднаш ја потенцираше подршката за нивниот кандидат за градоначалник, Александар Петрески.
„Она што сакам да го истакнам е дека во време кога власта со сето она што го прави во центарот на Скопје, прави историски, идентитетски инженеринг. Наспроти тоа, Охрид останува главниот заштитник на македонскиот историски и културен идентитет. Она што исто така сакам да истакнам е дека во изминатиот период и покрај тоа што општина Охрид ја немаше подршката од централната власт, Охрид со Александар Петрески на чело, како и други општини каде што се градоначалници од СДСМ продолжи динамички да ја развива локалната економија.“-рече потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски.
Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Охрид, Александар Петрески се осврна на сите проекти кои вели успешно ги завршивме. Меѓу другото ги спомена исплатата на долговите за колекторот до Метропол, двете пумпни станици до Пештани како и 5те километри секундарна канализација и спортската сала, но и многу други.
„Во Охрид во изминатиот период се направија многу улици, многу тротоари, осветлување до секоја куќа. Знаеме дека имаме детски игралишта во секоја маала. Ние продолжуваме со работа, има уште многу работи да се направат, а токму не се направени оние работи каде што цело време бевме опструирани и каде што зависиме од соодветни одлуки на централната власт. Тоа е причината зошто се нафатив на оваа кандидатура, за комплетно да се завршат идните работи што треба да ги завршиме.“-вели градоначалникот Александар Петрески.
Петрески вели дека едно од најзначајните негови постигнувања е тоа што успеале да спречат и на охриѓани да им се случи Скопје 2014 притоа додавајќи дека на Охрид не му требаат антички споменици и златни коњи на плоштадот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град