Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.
Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.Според него, Петрески е најдокажаниот градоначалник кој во невозможно тешки услови ја презел власта и успеал покрај сите притисоци и опструкции од централната власт, да покаже дека доколку сака, и ако се знае се може, па така за Охрид досега направил многу дури и работи кои не се под негова капа.
„Јас сум убеден дека и Аце и охриѓани во наредниве четири години ќе имаат можност прв пат да видат како и новата Централна власт ќе им даде помош на општината Охрид и со заеднички напори ќе се направи многу повеќе и за граѓаните и за целиот град“.
„Ќе ја оправдам довербата“, категоричен градоначалникот Петрески. Додаде дека и покрај големите наследени долгови, успеал да се справи со нив и остане доследен на себеси и покрај сите притисоци кои му ги наметнала Централната власт.
„Горд сум на тоа што 70% од буџетот на општина Охрид го трошиме за инфраструктурни зафати, јас ве уверувам дека ниедна општина не издвојува толку за инфраструктурните зафати. И не само тоа на граѓаните им ги решаваме и работите кои се во надлежност на централната власт“.
Петрески ги покани греаѓаните на утрешниот митинг на градскиот плоштад, да го поддржат за идниот четиригодишен мандат, со цел да се решат преостанатите проблеми кои ги тиштат граѓаните на општина Охрид.
А Црвенкоски со најава дека не застануваат со митингот во Охрид.
„Не заради слабата туку поради голема посетеност на нашите митинзи, не заради нашата уплашеност туку заради нашата охрабреност и дополнителна мотивираност дадена со поддршката на граѓаните, ние го продолжуваме „работното лето“ тие нека продолжат да критикуваат, нека измислуват лажат“.
Македонија се буди, го крева гласот и граѓаните сакаат да се случат промени, заврши Црвенкоски.
{loadposition contrnt9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град