Работилници за еколошка едукација на учениците

Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците.

 |   | 

Националниот парк „Галичица“ спроведува работилници за продуктивна еколошка едукација на учениците.

Научивме за тоа што е Национален парк, на колку категории се делат заштитените подрачја, кои се природните и културните вредности на НП Галичица, што се загрозени и ендемични видови и за важноста на црвената листа на загрозени видови. Успешно спроведената активност ќе ни биде поттик и за понатамошна соработка со цел поблиску да ја доближиме важноста за грижата кон животната средина и биодиверзитетот до младата популација – информираат од НП.

Посветуваме големо внимание на еколошката едукација за деца преку која се трудиме да ја пренесеме важноста на животната средина и биолошката разновидност.

Работилница за безрбетниците беше релизирана и во Инфо центарот на НП Галичица-Стење, а се дружевме со учениците од ОУ „Мите Богоевски“ – Ресен. Важноста на безрбетниците е голема, сочинуваат 96% од целото животинско царство, тие се клучна компонента во синџирот на исхрана и исполнуваат многу екосистемски услуги, како што се опрашување, распаѓање и ослободување на хранливи материи – информираат од НП Галичица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top