Работилница за спроведување на законите за заштита на природата

Заедничка цел и обврска е заштита на природното богатство, кое нашата земја го дели со соседните држави, истакна министерот за животна срдина, на првата работилница за спроведување на законодавството за води и заштита на природата во прекуграничен контекст, која се одржува во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид домаќин на првата субрегионална обука за спроведување на законодавството за води и заштита на природата во прекуграничен контекст. Оваа обука ќе се одржува од денес па се до петок во хотел Тино, комплекс Св Стефан Охрид, а е во организација на Регионалниот Центар за животна средина како секретаријат на Темис мрежата, под покровителство на Австриската развојна агенција. Овој настан го отвори министерот за ЖСПП Нурхан Изаири. Тој истакна дека целта на оваа работилница е да ги прошири капацитетите на национално и регионално ниво за подобро системско спроведување на законодавството за заштита на природата во заштитените подрачја, засновано на принципите и механизмите на земјите членки на ЕУ.

„Заштита на Охридското Езеро, Националниот Парк Галичица, потоа Прекуграниќниот биосферен резерват Преспа кои ќе бидат фокус на интересот на оваа работилница, се водечки примери за природни богатства на кои име е потребна колективна и усогласена заштита од страна на надлежните национални органи. Но, исто така, нивната заштита бара и заедничка платформа и соработка во намалување на влијанијата и притисоците кои со себе ги носи економскиот развој. Природните богатства не се само ресурси на кои им е потребна заштита, туку тие се можност за национален и регионален развој, но врз строго почитување на принципите на одржлив развој“ – вели Изаири.

Амбасадорката на Р. Австрија во Македонија Рената Коблер, истакна дека оваа работилница е од исклучителна важност и интерес за австриската политика, бидејќи ги поддржувале соседите во намерата да бидат изедначени нивните закони со законите на ЕУ а потоа да станат и нејзини членки. Таа додаде дека за таа цел Австрија нуди најразлични проекти за билатерална соработка со размена на добри практики.

„Во февруари, годинава, Австрија и Македонија започнаа проект за билатерална соработка за шумарство заедно со Македонски Шуми како и твининг проект со Шпанија за зајакнување на административните капацитети на национално и локално ниво за транспозиција и спроведување на директивата за индустриски мисии, во поглед на безбедност и економски напредок, не треба да се потцени улогата на управување со природни ресурси, дури и во индустрилизираните региони природните ресурси се рбетот на животот и економијата“ – истакна Коблер.

Во рамки на т.н. Темис мрежа на државни инспекторати за животна средина за земјите од Југоисточна Европа, како земји учествуваат, Македонија Албанија и Косово. Помеѓу овие три земји се делат големи и значајни природни подрачја, кои се од посебно значење, истакна директорката на македонската канцеларија на регионалниот центар за животна средина, Катерина Георгиевска.

„Потребата на овие земји,односно на државните инспекторати е во тоа како да се зголеми соработката во смисла на размена на информации околу управувањето со овие природни заштитени подрачја, како истата да се подобри, како да се следат состојбите и да се разменуваат особено информации со соседните земји околу процесите што се случуваат и особено околу потенцијални или нелегални активности кои што би се спроведувале во една земја,а без соодветен надзор би имале влијание во прекуграничен контекс и на другите земји“ – нагласи Георгиевска.

Државните инспектори за животна средина од Македонија, Албанија, Косово за време на тридневниот настан, со поддршка на меѓународни експерти од областа на заштитата и унапредување на природата од Летонија и Австрија ќе ги воведат учесниците на настанот во техниките за планирање и спроведување на циклусот за инспекција за заштитени природни подрачја. Работилницата ја следат 50 учесници.,

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top