• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Работилница по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро

Работилница по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро

Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро, ќе се одржи на 16 ноември 2021 година (вторник) со почеток во 13:00 часот преку електронската комуникациска платформа ZOOM.

 |  Голабовски Крсте  | 

Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро, ќе се одржи на 16 ноември 2021 година (вторник) со почеток во 13:00 часот преку електронската комуникациска платформа ZOOM.

Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO. Целта на настанот/работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добие препораки и коментари за предлогот и да се обезбеди добар квалитет и применливост на документот.

Нацрт-планот за управување ќе биде достапен за повратни информации и коментари до 19 ноември 2021 година, а ќе биде ревидиран по анализата на добиените коментари од засегнатите страни.

Откако актот за повторно прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе биде усвоен од Собранието, Телото за управување со Охридското Езеро во соработка со МЖСПП ќе иницира правна постапка за усвојување на Планот за управување со Охридското Езеро, вклучувајќи официјален процес на Јавна консултација со јавноста и формално побарани мислења од сите засегнати страни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top