Работен викенд за македонските муфтиите

Носителите на верскиот живот од исламската верска заедница на работен состанок во Охрид. Тие викендов ќе информираат за нивните дејствувања, до каде се нивните резултати и што треба да прават во иднина.

 |  Николоска Биљана  | 

Нема да дозволиме никогаш да се влошат меѓуетничките односи во Р Македонија или некој да иницира и да ги потпали страстите. Ова го порача Реисул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи на денешниот работен состанок на муфтиите во Охрид, коментирајќи го последниот извештај на ЕУ во кој се посочува дека меѓуетнички односи во Македонија се многу кревки. Со оглед на тоа дека се наближуваат изборите, се наметнува прашањето дали партиите и политичарите би можеле меѓуетничките односи да ги искористат за задскривање на некои други работи. Реџепи со став.

„Веројатно има органи и тука се меѓународните фактори ги надгледуваат, сепак има обид или договор меѓу политичките партии во Пржино, во Скопје дека наводно нема да ги потпалуваат меѓуетничките страсти. Генераторот што со право јас го кажувам, на се што беше лошо во минатото беше МВР, јас сметам дека со смена на првиот човек и преземање на опозиција, МВР нема да дозволи нешто такво да се случи“

Реисул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи се осврна и на последните случувања во врска со терористичкиот напад кој синоќа се случи во Франција.

„Преку амбасадата француска до првиот човек на таа држава и до се францускиот народ навистина пренесувам сочуство од моја страна во име на сите верски службеници и да даде Господ криминалците, терористите да се фатат и да се казнат според правдата и законот, но не значи дека секогаш е доволно да се казнува, туку треба превентивата да биде појака во целиот свет и еднаш и засекогаш да се искоренат темелите и корените на терористичките групи во целиот свет што има да се уништат“

Инаку на денешниот работен состанок присуствуваа околу 160 верски работници, 14 муфтии, деканот на факултетот за исламски науки, директорот на Медреса Исадеу, имами и останати структури. Тие денес со брод ќе прошетаат по Охридскот Езеро до Св Наум, а во утрешната агенда предвидено е разглед на културно историските споменици во Охрид и Струга.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top