Свечено пуштен во употреба новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“

Свечено пуштен во употреба новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“. Во трите   занимални и  новата трпезарија  ќе можат да уживаат и да ги поминуваат своите денови дечињата од градов. Задоволството од реализираниот проект беше присутно кај сите посетители на овој настан.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

 

Денес свечено беше отворен новиот дел на градинката „Јасна Ристеска“. Дечињата од оваа градинка фаќајќи го за рака Градоначалникот Александар Петрески го однесоа до трите   занимални и  новата трпезарија во која ќе можат да уживаат и да ги поминуваат своите детски денови нивните нови другарчиња кои треба да пристигнат од наредната недела. Со овој симболичен гест доградбата на централната градинка се стави во употреба. Градоначалникот Петрески не го криеше задоволството од позитивната реализација на овој како што кажа капитален проект кој го финансираше Локалната. Тој рече дека и досега, но и отсега ќе инвестираат во образованието и во децата бидејќи тие се нашата иднина.gradinka

Директорката на оваа предшколска установа, Марина Петровска Тодороска, рече дека со новиот простор ќе се реши еден горлив проблем со кој се соочуваа години наназад. Таа вели дека најтешко и било кога родителите сакале да го запишат своето дете во градинка, но тие не можеле да им излезат во пресрет поради немање просторни услови.

Покрај Локалната во реализацијата на овој проект учествуваа и голем број спонзори како и ЈП од градов. ЈП Комуналец заедно со Локалната, Кафе барот Објектив и медиумите организираа хуманитарна акција, продажба на фотографии. Со собраните средства се набавени килими за занималните и тоа 21 мал, 2 големи и една патека од 25 метри. Сашо Алчев, директорот на ЈП „Охридски комуналец“ изјави дека ова е скромна инвестиција но е гест за поздравување.

Алчев вели дека и понатаму ќе ја потпомагаат градинката и тоа не само централната туку и другите објекти, а ќе се погрижат и за нивно хортикултурно уредување. Ова е само еден добар пример кој  треба да го следат и други физички и правни лица се со цел да се обезбедат подобри услови за нашите деца кои се иднината на Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top