Пуштени во употреба реконструираните улици

Денешната агенда на градоначалникот Никола Бакрачески, кој во посета го имаше претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски и неговите соработници, беше доста обемна.

 |  Николоска Биљана  | 

Во текот на денешната обиколка на Охрид и охридско, прво ја посетија новоотворената Филмска академија каде што ги увидоа условите за работа на оваа институција. Следуваше свечено пуштање во употреба на реконструираната улица „Ристо Чадо“, една од поважните сообраќајници во градов, која години наназад беше во катастрофална состојба.

Се направи увид и на неодамна реконструираната улица „Илија Смически“ во село Лескоец, која им создаваше доста потешкотии во секојдневното функционирање на мештаните во ова село. Го посетија и Велгошти, каде што продискутираа за актуелните проблеми со месното население. 

Беше истакнато, дека ангажманот на градоначалникот Бакрачески и неговата администрација резултирал со инвестирани 2 милиони евра во Охрид и охридско, и тоа во спортски објекти, на полето на туризмот, културата, образованието,  инфраструктурата. Премиерот Груевски ја пофали работата на охридскиот градоначалник и  истакна дека Бакрачески, во позитивна смисла на зборот е наметлив,  посебно кога станува збор за реализација на проекти кои се однесуваат за Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top