Сопствениците на дивоградби добија решенија за рушење на бесправно изградените објекти.
Сопствениците на дивоградби добија решенија за рушење на бесправно изградените објекти.
Општинскиот инспекторат сеуште не ја знае точната бројка на објекти кои треба де бидат срушени. Списоците постојано се надополнуваат.
Дивоградбите во Охрид, дефинитивно ќе се рушат.По помпезните најави дека во градов ќе се урива се што е диво, деновиве од општинскиот инспекторат почнаа да ги инфирмираат сопствениците на дивите градби за нивната акција. Раководителот на општинскиот инспекторат, Танас Танаскоски, најави дека веќе три недели се изготвуваат списоците за градбите и поткровјата, кои треба да бидат срушени.
„Не се работи само за стариот дел на охрид. Најмалку седумдесетина сопственици на дивоградби добија известување за нашата акција, вели Танаскоски.
Градоначалникот пред еден месец најави дека локалната, веќе ја одбрала фирмата која треба да ја спроведе акцијата. Списоците, постојано се надополнуваат но и чуваат во тајност. Градоначалникот Александар Пертески најави дека конечно ќе се стави ред на самоволието на граѓаните, кои доградуваа без дозволи. Сите доградби, поткровја за кои се нема соодветна документација, ќе бидат срушени, вели Петрески.
„Знаеме дека поткровја не се дозволени и никогаш во Охрид во стариот дел нема да бидат дозволени“, додава Петрески.
Останува да видиме дали она што многупати градоначалникот го тврдеше, дека се што е диво од Љубаништа до Подмоље, ќе биде срушено. Да се надеваме дека оваа акција локаланата ќе ја спроведе во целост без селективност.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град