Пуштена во употреба реконструираната ул.„Воденичарска“ во Велгошти

Улицата заедно со неколку краци е поплочена со бекатон плочки и е соодветно осветлена.

 |  Мишел Наумоски  | 

Свечено пуштена во употреба реконструираната улица „Воденичарска“ во село Велгошти. Оваа улица, односно нејзината реконструкција е резултат на директната комуникација на локалната самоуправа со мештаните на Велгошти кои побарале освен реконструкција на улицата да се доврши и фекалната и атмосферската канализација каде тоа не било направено. Според градоначалникот Бакрачески, реконструкцијата на оваа улица се случува на општо задоволство на сите бидејќи станува збор за улица поради која децении наназад мештаните не можеле адекватно да си ги обавуваат своите потреби особено во зимскиот период.

„Го реализиравме овој проект со вкупна површина од околу 700 метри квадратни и чија вредност е некаде околу 1 милион денари. Можеби изгледа како мал проект за една општина како што е општина Охрид, меѓутоа многу голем за жителите кои што живеат на ова место и очигледно дека задоволството на мештаните е големо со оглед на тоа што за прв пат се уредува оваа улица адекватно.“-вели Никола Бакрачески-Градоначалник на Охрид.

Мештаните задоволни од подобрувањето на инфраструктурата во Велгошти.

„Да ви се заблагодарам на општинската управа на чело со градоначалникот. После 20 години успеаа да ни ја направат, тој е прв и единствен кој успеа да ни ја направи улицата и на работниците што работеа.“-рече Григор Шибакоски-жител на Велгошти.

Инаку на реконструкцијата на улицата „Воденичарска“ работеле трите јавни претпријатија Нискоградба, Проаква и Градски гробишта во координација со локалната самоуправа. Покрај досега реализираните зафати, градоначалникот Бакрачески за Велгошти најави и реализација на други инфраструктурни проекти од големо значење за мештаните.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top