Незапирливо продолжуваме со градење на Охрид, изјави денес градоначалникот Никола Бакрачески, на пуштањето во употреба на една од главните сообраќајни артерии во градот ул. „Питу Гули“. Охриѓани за прв пат добија улица согласно европските стандарди, нагласи Бакрачески.
Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба комплетно реконструираната улица „Питу Гули“. Оваа улица доби нова коловозна конструкција и изградба на тротоари по цела должина. Како што кажа првиот човек на градот Никола Бакрачески, Локалната самоуправа дополниетлно се ангажирала за поставување на коловозната конструкција на сливници за одвод и изградба на нова комунална инфраструктура за соседните улици со што во иднина би се одбегнале прекопи на коловозот.
„Ево денес само после два дена завршуваме уште еден проект за Охрид и тоа комплетно реконструираната улица „Питу Гули“, еден од проектите фиансиран со кредит од Светска Банка. Ова е еден од проектите во делот на патната инфраструктура кој што е граден по сите стандарди и со зачувување на сите постапки за градење за прв пат во општина Охрид“ – вели Бакрачески.
Благодарност за добро завршената ранбота градоначалникот Бакрачески упати до струшката градежна компанија Илинден која ги изведе градежните активности околу реконструкцијата на улицата, но и до ЈП кои учествуваа во изведбените активности.
„Посебна благодарност упатувам кон граѓаните на Охрид и Горна Влашка маала за нивното разбирање кое го покажаа кое го покажаа во текот на изведувањето на реконструктивните и градежните работи“ – изјави Бакрачески.
Инаку, вкупно се асфалтирани и уредени околу 800 метри, со ширина на коловозите од 7-9 метри и нови тротоари од 1-2,5 метри. Новиот коловоз на ул „Питу Гули“, вклучуваше реконструкција на долниот носив слој и комплетно нов горен носив слој со поставување на два слоја асфат со дебелина 11 см. Вредноста на целиот проект изнесува околу 12 милиони денари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град