Пуштен во употреба новиот кружен тек на влезот во Охрид

Пуштен во употреба новиот модерен кружeн тек на пресекот на бул. „Туристичка“ со ул „Бистрица“. Со реализација на проектите од овој вид се оди чекор напред во зголемувањето на безбедноста на возачите, истакна Претседателот на Владата на РМ Никола Груевски. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека изградбата на новиот кружен тек на некогаш ризичната раскрсница, била уредена по најсовремени стандарди.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид се гради, разубавува, се инвестира во сите области на опшествениот живот и му се враќа некогашниот сјај на градот, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Денес во присуство на претседателот на Владата на РМ, Никола Груески, свечено во употреба беше пуштен во употреба новиот кружен тек кој ги поврзува двете главни артерии бул. „Туристичка“ и ул. „Бистрица“.

„Со него се става крај на сообраќајниот метеж и на бројните сообраќајни незгоди со многу жртви кои ги имавме во изминатите години токму на ова место. Ризичната раскрсница за сообраќај ја уредивме по најсовремени стандарди. На новиот кружен тек поставена е хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација а уредени се и тротоарите околу кружниот тек. Пешачката зона и разделните острови се хортикултурно уредени. Во рамки на реализација на проектот ја изградивме и атмосферската канализација, и целиот простор доби дополнително осветлување“ – истакна Бакрачески.

Градоначалникот пред премиерот се пофали дека во изминатиот период не постои урбана заедница во градот каде што не интервенирале во подобрување на инфраструктурата. Премиерот Никола Груевски, истакна дека со овој кружен тек, Охрид добива уште едно сообраќајно решение, кое по својот изглед и функционалност е карактеристика за модерен и голем град.

Со реализацијата на проекти од овој вид се оди чекор напред во зголемувањето на безбедноста на возачите, олеснување на самата комуникација на градот. Охрид добива на естетика на функционалност и на безбедност. Ваквите активности се во целосна корелација со нашите заложби како Влада, да придонесеме за севкупниот напредок на Охрид и охридскиот регион во секое поле и област“ – нагласи Груевски.

Пред нас стои уште многу работа, инфраструктурни проекти кои се од суштинско значење за охриѓани, како и проекти кои се поврзани со развојот на туризмот, истакна премиерот Груевски. Тој ја пофали работата на актуелниот градоначалник Бакрачески, нагласувајќи дека со поддршка на Владата направил многу повеќе од возможното во овој период. На свеченото пуштање во употреба на кружниот тек присуствуваа пратеници, градски советници, претставници од Локалната самоуправа како и граѓани на Охрид.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top