Пуштен во употреба „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, се подостапни за Охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за Охриѓани од фондацијата Рамковски.
Пуштен во употреба „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, се подостапни за Охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони денари, и е подарок за Охриѓани од фондацијата Рамковски.
Пресечена црвената лента на „Мостот на желбите“. Од денеска Потпеш и Канео, подостапни за Охриѓани и гостите. Посетителите на глас коментираа за значението на овој потег на иницијаторите, велат допрва ќе разбереме колку сме изгубиле заради досегашното непостоење на овој мост.
Инвестицијата околу изградбата на мостот чини околу 2 милиони денари или околу 30 илјади евра. Овие средства се дар за охриѓани од фондациајата Рамковски. „Тоа што го ветивме, го направивме“, вели иницијаторот за изградба на мостот Митко Пендов.
„Времето ќе покаже дека бевме во право. Се надевем дека илјадници гости кои го посетуваат Охрид ќе поминуваат по овој мост. Мостот е долг 140 метри, а широк 2.30 метри. Го направивме за 17 дена. Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите“, вели Пендов.
„Мостот на желбите“, не само што ќе поврзува Г`рдано и Потпеш, а преку него и Канео, туку туристите ќе ги привлекува и поради својата специфичност. Посетителите можат од таму своите желби да му ги дошепнуваат на Св Наум. Поставени се месингени зодијачки знаци и секој кој ќе оди по таа патека ќе може застанувајки пред својот знак и гледајки кон Св. Наум да си замисли желба.
Инаку, денеска мостот во употреба го пуштија донаторот Велија Рамковски и градоначалникот Александар Петрески. На денешната скромна свеченост покрај граѓани, гости, присуствуваа и други личности од јавниот живот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град