Граѓаните се обиделе дефектот да го пријават во МЈП Проаква, но од таму никој не им одговорил.
Водоводната инсталација и водомерните броила не ги издржаа ниските температури. Денес, во нашата редакција, голем број граѓани се пожалија дека им пукнале водоводните броила и пукнати цевки во домовите. Граѓаните велат дека се обиделе да побараат помош од надлежните во МЈП Проаква, но никој не им одговарал на повиците. По многу обиди во сите служби на јавното претпријатие, дознавме дека истите нема да работат дури до четврток, но дека има дежурна екипа која би требало да одговара на повиците и да работи на отстранување на дефекти.
Од јавното претријатие, редовно пред секое предупредување за ниски температури излегува со соопштение за јавноста, достапно на нивната веб страна дека, граѓаните треба да ги заштитат своите водомерни броила. Вакво соопштение тие издадоа на 15ти Декември.
Во него стои: „Поради пад на температурите и најава за натамошно намалување на истите, се известуваат граѓаните дека е потребно да ги заштитат водомерните броила од замрзнување. Доколку настанат дефекти од тие причини, како што е пукнато стакло и слично, истите се наплатуваат од наша страна. Заштитата може да се изврши со обвивање на водомерот со изолационен покров или прекривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропол).“
Со оглед на новиот најавен бран од ниски температури, ова предупредување за заштита на водомерните броила и тоа како треба да се сфати сериозно, на крајот на краиштата, поправката или замената на истите оди на товар на граѓаните.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град