Пукаат цевки

Пештани ќе почека за приклучок на колекторот.

 |  Валентина Неловска  | 
kolektorski cevki
колекторски цевки

kolektorski cevkiНе се реализира даденото ветување на градоначалникот Александар Петрески дека Пештани ќе се приклучи на колекторскиот систем до годинешното прославување на Водици. Според изјавата на портпаролот Никола Манески, причината на неуспехот лежи во пукањето на цевките од колекторскиот цевковод. Иако, градоначалникот Петрески и актуелното раководство на Проаква, укажувале на криминалните дејствија на тогашните раководни луѓе на Проаква, дека поставиле несоодветни цевки. Поради таквата состојба стравувале од  можна непредвидена хаварија или одложување на роковите кои ги поставиле нивните стручни служби. Во цевководот се вградени цевки кои не можат да поднесат притисок од 8 атмосфери. Вградени се цевки со 5-6 атмосфери, а со амин на поранешното раководство на Проаква  и консултантите на банката, истакнува Манески. На прашањето: Дали некој ќе понесе одговорност за сето тоа?- Манески додава дека имало укажувања на  актуелното раководство на Проаква и градоначалникот Петрески до надлежните институции за да ги проверат нивните сомнежи. Инспектори од владини институции направиле одредени проверки, но се останало само на тоа.
На прашањето: Има ли краен рок кога туристичката населба, Пештани ќе го реши проблемот со септичките јами?- Манески вели, не се откажуваме, бараме солуција, не е благодарно да излегуваме со термини заради непредвидени работи.
И додека конечно овој проблем добие разврска, не земајќи ги во предвид и проблемите со изградбата на секундарната канализација, Пештани и понатаму ќе остане да лежи на септички  јами.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top