Првомајските и Велигдeнските празници го наполнаа Охрид

Туристичките работници велат „започнува една успешна приказна за Охрид и Македонија“.

 |  Маленкова Татјана  | 
turisti
Туристи

„Ако кажеме дека по утрото се познава денот , тогаш ова е утрото на Охрид, а денот е пред нас, а благодарение на вакво утро се надеваме на добра сезона“, вели туристичкиот водич Љупчо Јузмески. Тој открива дека групите кои во моментов се во Охрид се претежно минатогодишни гости во Македонија и тоа од Финска и Данска.
Јузмески додава дека годинава имаме повеќе гости од Данска, туристи кои се окарактеризирани како turistiавантуристички настрени и за кои најпривлечни се најновите туристички атракции кои ги нудиме, „Велосипедските тури“,  преку Галичица  до ресен и назад. Покрај туристите од Данска, овој период во многу голем број доаѓаат и гости од Турција.

„Веќе запознаени се со Охрид сите туристи кои доаѓаат овде, но многу драго им е кога ќе се искачат на Самоилова тврдина, кога ќе ја посетиме Св. Богородица Перивлепта од 13 век и која изобилува со фантстични фрески, Плаошник обавезно кој е хронологија на неколку цивилизации.Се разбира туристите го бараат и Канео, но мора да го потенцираме дека најпосетениот е и музејот на вода и Св наум“, вели Љупчо Јузмески, туристички водич.

И генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстески оптимистички гледа на престојата туристичка сезона. Тој открива дека минатата  година околу 29 000 патници дојдоа во Македонија преку чартер летови, но според најавите оваа година тоа ќе се зголеми, барем за 20 %, вели Крстески.
turistiМинатата недела пристигна и првиот чартер лет со гости од Австрија, а за овој период најавени се уште шест чартер летови од Виена.

„Оваа сезона ќе има и нови линии со нискотарифната компанија „ВизЕАР“, која ги отвора линиите Гетеборг и Стокхолм. Се надеваме дека Виз Еар ќе донесе и втор авион во Македонија, што ќе овозможат дополнителни летови и гости кон Охрид. Очекуваме да се зајакни линијата на „Хелветик“ за Цирих од Охрид. Така да се на се очекуваме една квалитетна туристичка сезона годинава во која се зголемува понудата по повеќе основи меѓу кои од Македонија, како поатрактивни дестинации станаа Дубаи не само за патниците од Македнија туку и од регионов“, вели Зоран Крстески, генерален директор на ТАВ Македонија.
 
Крстески додава дека топ дестинациите кои во првите три месеци го зголемија сообраќајот за цели 13 % , Истамбул, Цирих, Виена ќе биде надополнета и со летови од Охрид.

Покрај Охрид, овој период туристичките тури бараат да ги видат и останатите убавини на Македонија. Во држвава најбаран и најпосетуван е манастирот Св. Јован Бигорски, а во источниот дел на Македонија, најпосетувани се винариите , манастирите црквите, спомениците.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top