• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Првомајските скари на отворено и на места кои не се за тоа предвидени може да ве чинат 200 евра

Првомајските скари на отворено и на места кои не се за тоа предвидени може да ве чинат 200 евра

Од Националниот парк „Галичица“ ги советуваат граѓаните да ги посетат излетничките места Јадера и Корита каде што е дозволено да се прават традиционалните скари, но во контролирани услови.

 |  Мишел Наумоски  | 
skari
скари

Во очи првомајските празници, кога македонскиот граѓанин најчесто ужива во традиционалните скари на отворено, надлежните со апел да не се палат огнови на отворен простор. Од НП „Галичица“ велат дека забраната за палење на оган на отворено важи преку целата територија на државата и во текот на целата година, но во овој период особено апелираат бидејќи очекуваат поголем обем на граѓани да се упатат кон планинските места. Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари при НП „Галичица“ сите охриѓани, но и туристите ги советува наместо било каде, да отидат во едно од двете излетнички места во паркот каде постојат услови за безбедно правење на скара.

skara 1vi Maj„Ние како национален парк, им нагласувам на сите посетители кои ќе дојдат во градот и нормално на жителите на Охрид дека националниот парк има две излетнички места каде што е дозволено палење на оган, кој ќе биде под контрола на нашите чувари на паркот. Тоа е излетничкото место Јадера и Корита. Почнувајќи од утре, па до крајот на викендот затоа што голем дел од граѓаните ќе си го спојат викендот, ние ќе имаме засилено присуство од страна на чуварите на паркот низ територијата да ги предупредам, освен на овие две места, ако се сретнеме со луѓе кои имаат запалено оган, казната е двеста евра на отворен простор и педесет евра за одложување на смет во природа.“-вели Наумче Новески, одговорен за заштита од пожари во НП „Галичица“.

Новески вели дека за среќа во изминативе години, за првомајските празници имаат позитивен рекорд без некои поголеми инциденти. Додава дека ренџерите, односно чуварите на паркот се распоредени на локациите на кои најчесто во минатото се палело огнови па оттука и добрата историја. Новески рече дека доколку сепак нешто излезе од контрола, лесно би се справиле поради добрата координација со останатите институции.

galicica„Ние сме во постојан контакт, безразлика, не само за време на празници и викенди, кога очекуваме поконцентрирано присуство или побројно присуство на туристите. Нон-стоп сме во контакт со Центарот за управување со кризи, со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица од Охрид. Така да нормално, не дај боже ако дојде до такво нешто, нема да ни биде прв пат, знаеме како да постапиме, затоа реков и едниците наш, односно чуварите на паркот во секој случај ќе биде мобилна и подготвена единицата што ја имаме за брзи интеревенции така да ако не дај боже нешто се појави, мислам дека нема да биде од голем значај или голема штета. Но во секој случај тоа би било така ако имаме соработка со посетителите.“-рече Новески.

Инаку покрај палењето на оган на отворено, Новески потсети и на забраната за палење на стрништата која е во сила. Тој вели дека досега за среќа немале поголеми инциденти, но предупреди дека доколку би имало, казните за предизвикувачот се големи, и тоа од 1500 до 3000 евра за физичко и од 6000 до 8000 евра за правно лице. Па сега ни останува само да се надеваме дека нема да имаме некои несакани инциденти за првомајските празници, туку дека одговорно ќе уживаме во традиционалната скара.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top