Прво па машко. Младата ресенчанка Гическа Марија го донесе на свет своето прво чедо, но и првото новороденче во Охрид во новата година.
Гическа Марија од Ресен го роди првото бебе во Охрид во Новата 2016 год. Бебето е машко и тежи 3 кгр 550, а долго е 52 см. Мајката се чуствува одлично, бидејќи поминало се како што треба. Таа изрази голема благодарност до целиот медицински тим на гинеколошкото одделение при општа болница Охрид, за како што изјави, големата професионалност и добрите услови кои ги нуди ова одделение. За неа ова е прва рожба.
„Прво и многу лесно се породив задоволна сум од целиот тим“
Дежурната докторка Охридија Филева, рече дека се чуствува задоволство кај персоналот за гестот кој го прави општина Охрид, посебно градоначалникот Бакрачески, со мерката со која ги стимулира младите мајки со финансиски средства кои се добри за почеток. Таа нагласи дека општа болница Охрид, посебно одделението за гинекологија може да се пофали со пациенти од други градови во Македонија кои се се побројни и го препознаваат квалитетот на работењето и условите.
„Утрово на спонтан начин мајката донесе живо и здраво машко дете и го роди по нормален пат. Ние сме среќни и интенција на болницата е да што може по нормално да се донесуваат на свет децата. Не погодува ставот и некои коментари дека ние инсистираме на царски резови, напротив може да се пофалиме со квалитетен персонал“ – вели д-р Филева.
Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека овој чин, првороденото бебе во Охрид претставува радост не само за мајката туку воопшто за сите. Бакрачески најави дека мерките за стимулирање на наталитетот и поддршка на семејствата продолжуваат.
„На овој ден, нека е и 02 јануари сакам да посакам што повеќе живородени деца да бидат породени во охридската гинекологија и се надевам дека тој број од година во година се повеќе ќе расте а секако дека ние како субјекти во градов пред се и Локалната самоуправа и останатите кои се инволвирани организацијата во здравствената нега и сите кои работат на зголемување на наталитетот на децата, максимално ќе бидеме посветени на оваа национална стратегија“ – изјави Бакрачески.
Бакрачески најави дека мерките за стимулирање на наталитетот во иднина можеби ќе бидат проширени со други активности кои не се врзани со финансиски средства. Инаку минатата година на гинеколошкото одделение имало вкупно 596 породувања и за 20 бебиња бројката е поголема во споредба со 2014 год, информираат од охридското гинеколошко одделение.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град