Фестивалот на француски филм полека се приведува кон својот крај. Охридската публика досега имаше можност внимателно да изгледа неколку филмови од француската филмска продукција. Овогодинешните учесници на фестивалот љубезно проговорија на средбата со новинарите и ги изнесоа своите видувања за четвртото по ред издание на фестивалот на француски филм и за приемот од охридската публика. Францускиот културен центар е еден од главните организатори и поддржувачи на овој фестивал.
„Јас сум многу среќен што можевме да го организираме по четврти пат Францускиот фестивал во Охрид. Среќен сум од две причини. Фестивалот станува традиција и дава извонредна можност да се запознаеме со најновата француска филмска продукција и да се сретнеме во живо со познати актери, актерки и режисери.“-вели Жан Ив Лавоар-Директор на Францускиот културен центар
Учесниците беа едногласни дека целта на оваа манифестација не е Фестивалот на француски филм да прерасне во меѓународен фестивал, туку амбицијата е француските кинематографи да дојдат во Охрид и да го запознаат регионот и сите убавини кои тој ги крие, но и Охрид да се запознае со француското филмско творештво.
„Она што можам да го изјавам е дека ние сме навистина среќни што имаме прилика по четврти пат да бидеме присутни тука. Да видам исто така дека Охридската публика е сеуште исто толку заинтересирана за филмовите кои што ние ги предложуваме. Значи оваа година како што можевте да видите не поканивме француски продуценти. Ние сакавме еден вид на алтерирање да воведеме и одсега па натаму на секои две години ќе покануваме десетина француски продуценти.“-рече Макс Азуле-Иницијатор на фестивалот.
Дел од актерите присутни на ова дружење со новинарите беа едноставно фасцинирани од сензибилитетот на охридската публика, за која велат дека реагирала токму онака како што реагирала и француската. Тие додадоа дека универзалниот јазик на кинематографијата е многу јасен и дека потеклото на луѓето тука не менува ништо. Брижит Катијон, Софи Кантон, Ема Деброаз и Филип Лоданбаш се само дел од учесниците кои беа присутни на средбата со новинарите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град