Симпатично пловно објектче кое се очекува да биде посебно доживување и за туристите и за охриѓани, со овие зборови Капетанот на капетанија на пристаништа ја опиша полуподморницата која денеска беше спуштена во водите на Охридското езеро. Пловилото има провидно дно за разглед на езерското дно и е во сопственост на кавадаречка фирма.
Мини полуподморница е новата туристичка атракција во Охридското езеро оваа сезона. Пловилото, наменето за 12 лица , спуштени на метар и половина од нивото на езерото, им овозможува прекрасно панорамско разгледување на подводниот свет преку стакло.
Вакви пловила произведени во Хрватска пловат на Карипските острови, на Малдиви и на Црвено море.
„Овој пловен објект е во класата на чамци може да смести 12 лица има димензии од десет метри и ширина од два и пол метри Работи на дизел мотор од послдените генераци и самата подмрница е стара три години. Така што се работи за едно симпатично пловно објектче“-, вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа на РМ.
Стручните лица денес извршија технички преглед на пловилото, кое се очекува да биде посебно доживување и за туристите и за охриѓани.
„Самиот пловен објект е беспрекорно безбеден бидејки е направен по највисоките стандарди од Хватски регистар на бродови кој псаѓа во еден од тринаесетте во Здружението на бродски регистри во светот“, вели Устијаноски.
Пловилото е паркирано во каналот „Билјанини извори“ и таму ќе остане се` до регистрација и отпочнување со работа. Денес полуподморницата не пловеше, туку се вршеше технички прием и преглед. Инаку според капетанот во однос на паркирањето на пловилата има место во канлот Билјанини извори со мал годишен надомест да се паркираат бројните пловила во Охридското езеро. Полуподморницата е произведена во Хрватска, станува збор за домашна инвестоција од околу 130 000 евра на компанија од Кавадарци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град