Првачињата седнаа во училишните клупи

Околу 900 првачиња во наредните девет месеци своето знаење ќе го стекнуваат во некое од осумте основни училишта во градов.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Започна новата учебна година. Околу 900 првачиња во наредните девет месеци своето знаење ќе го стекнуваат во некое од осумте основни училишта во градов. По тој  повод во повеќето од нив денес имаше свечена приредба посветена на првиот училишен ден. Во Основното училиште Св. Климент Охридски родителите и децата ги поздрави директорката Славица Илиќ која истакна дека ова е посебен ден за сите нив, ден кој ќе го паметат до крајот на животот.

Возбудените првачиња не ги криеја солзите кои беа израз на тага што се делат со безгрижното детстви, но и на радост што започнуваат една нова страница во животот. Оние пак од повисоките одделенија им ги пренесуваа своите искуства од првите училишни денови. Основците со нови сили ќе ги стекнуваат знаењата во новава учебна година од која очекуваат многу заедничко дружење, но и напорно учење.
Инаку од минатата година основците се образуваат по новиот концепт на деветтолетка, а од годинава покрај основното, задолжително станува и средното образование. Новина од оваа година е и воведувањето верско образование за петтоодделенците кои избираат меѓу веронаука или историја на религиите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top