Зголемен бројот на првачиња

Имаме ли генерално зголемување на бројот на првачиња во основните училишта во градов или пак станува збор за поголем број на првоодделенци само во одредени училишта. Дел од директорите задоволни од интересот за запишување на деца во нивните образовни установи, дел пак реагираат на непочитување на регионализацијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 
skolo

Зголемен бројот на првачиња кои се запишаа во некои основни училишта во градов. Споредбено со минатата година бројот е пораснат за 20%, велат директорите на овие училиштата. Во основното училиште „Христо Узунов“ од први до 31 мај се запишале 137 ученици.

Квотата за упис според реонот во кој припаѓаме е пополнета. Дури имаме интерес и на деца кои се од други реони, а сакаат да се запишат кај нас. Оваа година имаме тренд на растење во бројот на првооделенци, вели Тони Симоноски, директорот на ОУ „Христо Узунов“.skolo

Првачињата во ОУ „Христо Узунов“ ќе бидат распределени во пет паралелки. И во ОУ „Св. Климент Охридски“ е зголемен бројот на првоодделенци. Од септември во ова училиште ќе учат 40 првачиња. Две паралелки ќе функционираат во централното училиште, а една во подрачното. Во една паралелка ќе има од 18 до 20 деца.

Во нашето училиште за 20% се зголеми бројот на првоодделенците. Тоа пред се се должи на нашата кампања која ја водевме пред уписите, а делумно и на зголемениот наталитет. Доста деца што се запишаа се од другите региони во градов и тоа посебно не радува бидејќи имаат доверба во нас како училишна установа, вели Јордан Пуроски-директор на ОУ Св. „Климент Охридски“.matematika

Муамер Доко, директорот на ОУ „Братство единство“ реагира на тоа што не се почитува регионализацијата од страна на некои училишта. Тој вели дека не треба да се запишуваат деца кои не се од регионот во кој што живеат. Ова се одразило на бројот на првачињата кои се запишале во ова училиште. Досега се пријавиле само 95 ученици, а според регионализацијата во ова училиште треба да се запишат 175. Доко кажува дека нивното училиште е специфично бидејќи најголем дел од родителите своите деца ги запишуваат во август, а не во мај па очекува бројката до септември да се зголеми. Во ова училиште вообичаено има 4 македонски, 2 албански и една турска паралелка. И во ОУ „Григор Прличев“ бројката на досега запишани првачиња е значително намалена. Директорката Силвија Мојсоска вели дека годинава се запишале десет деца помалку. Засега се запишани 110 ученици од кои 104 ќе учат во централното училиште а 6 во истурената паралелка во Рача. Но, сеуште има време за пополнување на квотата бидејќи уписите траат до крајот на август
На крајот кога ќе се соберат бројките излегува дека и нема некое големо отстапување во вкупниот број на запишани првачиња споредбено со минатите години. Според секторот за образование при ЛС лани имало 511 а годинава досега се запишани околу 400.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top