Прв дом жртва на обилните врнежи во Охрид

Поради постојаните врнежи и преоптовареност на фекалната канализација, на улицата„Галичица“ денес дојде до полнење со вода на дел од куќите.

 |  Ристо Јакимовски  | 
kuka
куќа

Поради постојаните врнежи и преоптовареност на фекалната канализација, на улицата„Галичица“ денес дојде до полнење со вода на дел од куќите.

Граѓаните на улицата “Галичица“ повторно се соочуваат со сериозен проблем со канализационата мрежа. Материјалната штета која граѓаните ја трпат секој ден е се по голема. Во дел од домовите поради врнежите доаѓа до излевање на отпадната вода.Како што коментираат граѓаните овој проблем е долгогодишен и досега не е предложено конкретно решение.

poplaven podrumОд ЈП„ПРОАКВА“ истакнаа дека денеска имале близу триесетина интервенции. Кога станува збор за ваквите случаи потребно е да се направи увид за да се утврди каква е ситуацијата на теренот. За таа цел Господинот Хусеин Като раководител во „Проаква“ излезе на теренот да види за што точно станува збор.

Од ЈП„ПРОАКВА“ потенцираат дека поради големиот број и различната природа на проблемите, не секогаш успеваат да успеат навреме да ги спречат проблемите. Сега кога се запознати со проблемот, ветуваат дека во наредните денови ќе се погрижат да се пронајде конкретно решение за проблемите на улицата „Галичица“.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top