Прва виртуелна изложба на фотографии од Богојавление 1990 – 2020 год

Проектот го замислија и реализираа проф. Јане Бакрески, компјутерскиот инженер Стефан Спирковски и Илија Ристески од Охридската Митрополија. Покрај галеријата изработена е и веб страна посветена на Богојавление кои од денеска се достапни на јавноста. Се надеваме дека овој проект ќе придонесе за афирмација на историјата на овој празник и со тек на годините оваа архива на документи ќе се надополнува и ќе остане како наследство за идните генерации, изјави Спирковски за ТВМ. 

 |   | 

Богојавление во Охрид во изминатите 30 години низ објективот на охридските фотографи, бележничари на историјата на градот.
Фотографиите, од празнувањето на Водици од 1990 до 2020 година,  на Митко Лукан, Владо Паунче Скитник, Владимир Тунтев, Александар Ковачески, Петар Боев, Томе Љушев – Шпанец, Лара, Кристијан Љушев, Емил Јовановиќ, Мега продукција и Стојан Стојановски собрани на едно место во прва Виртуелна изложба. Проектот го смислија и реализираа тројца ентузијасти, проф. Јане Бакрески, компјутерскиот инж. Стефан Спирковски и Илија Ристески од Охридската Митрополија. Идејата произлезе сосема спонтано при разговор со Илија Ристески од Охридската Митрополија кој 2 години макотрпно работел на креирање архива на документи од празникот од раните почетоци се до денешен ден, кажува за ТВМ , Стефан Спирковски.

„За жал, поради сегашната ситуација со пандемијата, не би било изводливо да се направи физичка изложба на материјалите, па заедно со доц. Д-р Јане Бакрески, дадовме идеа да направиме виртуелна изложба на фотографии, која заедно со останатата ризница на материјали ќе биде достапна за јавноста на една веб страна. Посебно ни е драго што овој проект е со благослов на Владиката Тимотеј и е дел од 30 годишниот јубилеј од возобнувањето на богојавленски водосвет на градското пристаниште. “ – вели Спирковски.

Проектот користи технологија за виртуелна реалност која овозможува интерактивно разгледување на изложбата преку компјутер или смарт телефон. За изложбата користени се материјали и од Архивата на Дебарско-кичевска епархија и Митрополит Тимотеј и од личната архива на Љупчо Маслов, Вера Биљанова (Здравева), Ѓорѓи Биљаноски, Митко Топенчаров, Јован Арнаудов, Јован Рилков, Јован Бабаче. Покрај комплетен визуелен идентитет за празникот преку галеријата изработено е и техничко решение во вид на веб страна која што од денеска е достапна за јавноста.

„ Целта е веб страната да се надоградува со соодветни материјали. Во моментов се достапни фотографии за празнувањето од 1990 година до 2020 г , видеа од минатото, имаме едно видео пронајдено од Охрид на водици од далечната 1941 година снимено ви црно бела техника како и разни документи , книги достапни на луѓето кои ќе ја посетат веб страната. Планираме да се објавуваат тековно сите новости во однос на празникот во наредните години и соопштенија од Дебарско Кичевската епархија. “ – изјави Спирковски.

Искрено се надеваме дека овој проект ќе придонесе за афирмација на историјата на овој празник и со тек на годините оваа архива на документи ќе се надополнува и ќе остане како наследство за идните генерации, вели Спирковски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top