Прва свечена академија на економското училиште „Св.Кирил и Методиј“

Задоволството и возбудата се големи, традицијата продолжува, вели директорката на училиштето Славица Костоска. За во иднина најави модернизирање на училиштето и подобри услови за остварување на воспитно-образовниот процес.

 |  Мишел Наумоски  | 
akademija

Прва свечена академија за средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“. Со настап на новооформениот хор, рецитал, фоклор и музика, во присуство на професорите, менаџментот на училиштето, како и директори и професори од други основни и средни училишта, родители, пријатели, претставници од локалната самоуправа, беше одбележан патронот и денот на сесловенските просветители св.Кирил и Методиј.

ekonomsko akademijaДиректорката Славица Костоска вели дека задоволството и возбудата се големи. Потенцира дека иако се нов правен субјект, тие не се нови во образовниот процес, туку само ја продолжуваат традицијата, мисијата и визијата која одамна ја зацртале.

„Ми се чини е успех што во ова кратко време, сепак ние бевме школо и претходно, остварувавме воспитно-образовен процес во областа на здравството и економијата, но тогаш бевме под друго име, од 1957 до 71ва, од `71ва под закрила на друго училиште, гимназијата „Св.Климент Охридски“, сега сме самостојни и ми се чини добро се прикажуваме во таа самостојност.“-вели Костоска.

Костоска вели дека тие се отворени за предлози, особено во насока на модернизација на образовниот процес.

svecena akademija ekonomsko„Сепак сме ние стручно училиште кое треба на крајот од четиригодишното школување треба да продуцираме млади кадри способни да се вклучат во активностите, во деловниот свет или да го продолжат школувањето, и мислам дека промени токму во ова средно стручно образование воопшто насекаде и во нашите струки треба да има, повеќе треба да се осврнеме кон праксата, да имаме современи лаборатории, современи кабинети кои најдобро ќе им ја доближат вистинската состојба во деловниот свет на нашите идни стручни кадри.“-рече таа.

Костоска потенцира дека во текот на летните месеци ќе работат токму на оваа модернизација и ќе го искористат овој период за барање донации, аплицирање со проекти, се во насока на подобрување на условите за остварување на воспитно-образовниот процес. На свечената академија која се одржа во центарот за култура „Григор Прличев“ воедно беа доделени и награди на заслужните ученици од економското училиште.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top