Новото раководство на Регионалната занаетчиска комора во иднина ќе се залага за поголема организираност и активност со цел унапредување и развој на занаетчиството во општина Охрид, ова беше кажано на синоќешниот прв состанок на новиот состав на регионалната занаетчиска комора. Поголемиот дел од седницата помина во разгледување на работата на Комората во изминативе 4 – 5 години, при што беше констатирано дека минатото раковоство направило многу пропусти во работењето на комората, изминатите години.
Претседателот на комората Богоески на состанокот ги извести членовите на Управниот одбор и собранието за неговиот избор за претседател и даде предлог во најкус може рек да се изготви план за работа на комората во 2012 год.
На седницата присуствуваше и портпаролот на општина Охрид, Симе Илиевски кој во име на градоначалникот истакна дека Комората како правен субјект има целосна подршка од локалната самоуправа и лично од градоначалникот Александар Петрески.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град