Прва работилница за еколошки мрежи

Во хотелот “Истатов“ во Дојран, денеска започна со работа дводневната работилница за “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија ( МАК-НЕН ).

 |  Габриела Трпческа  | 
rabotilnica
работилница

Во хотелот “Истатов“ во Дојран, денеска започна со работа дводневната работилница за “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (  МАК-НЕН ).

rabotilnicaСо ова започна проектот кој ќе го спроведуваат Македонското Еколошко Друштво и Европскиот центар за заштита на природата, поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Главна цел на овој проект е развивање на Национална еколошка мрежа во Република Македонија, како дел од Пан-Европската еколошка мрежа. Во проектот ќе биде третиран проблемот со крупните ѕверови (кафева мечка, волк и рис). Ќе се изготви План за управување со коридорите на кафеавата мечка, кој што после неговото прифаќање, ќе послужи како средство за подобро разбирање на еколошките функции на мечката, поврзаноста на стаништата и концептот за еколошките мрежи воопшто.

За вториот работен ден планирана е посета на Моноспитовското Блато, за да се согледаат активностите за заштита околу истото, како и развојот на еко-туризмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top