ПРВ РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ЈУГОЗАПАДНИОТ РЕГИОН ВО ОХРИД

Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

 |   | 

Денес во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа првиот Регионален саем на социјални претпријатија од Југозападниот регион во организација на Регионалниот центар за поддршка на социјални претпријатија и проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека овој настан е многу значаен за нашиот регион бидејќи има за цел да ги презентира позитивните економски промени во однос на социјалната вклученост и одржливиот развој на заедниците.

Ранливите категории на граѓани се наши соседи, наши роднини, наши пријатели, кои поради различни околности немаат услови за основна егзистенција, но заслужуваат да добијат вистинска шанса и поддршка во борбата за достоинствен живот и сами да обезбедат подобра иднина за своите семејства. Социјалното претприемништво е еден од начините за постигнување на ваква социјална хармонијаи економска стабилност за сите граѓани. Социјалните претпријатија претставуваат иновативен економски модел кој овозможува услови за инклузија на сите лица кои немаат сигурна егзистенција. Тое е еден нов начин на бизнис чиј профит се реинвестира за постигнување на социјални цели вклучувајќи хуманост и солидарностЕкономските активности на социјалните претпијатија се исклучително важни за поддршка на најранливите, кои немаат пристап до домување, образование, социјални услуги, кои се исклучени од пазарот на труд и се соочуваат со сиромаштија – рече градоначалникот Пецаков.

Тој упати честитки до сите економски оператори кои претставуваат позитивни примери за успешни социјални приказни, иако концептот за социјално претприемништво сеуште е во својот ран зачеток.

Нивниот етузијазам и желба треба да послужат како охрабрување за останатите економски чинители кои треба да се вклучат и да придонесат во овој процес. Веќе е донесена „Стратегијата за социјално претприемништво“, како прв официјален документ кој претставува своевиден акционен план, врз чија основа ќе се развиваат социјалните претпријатија во нашата држава. Секоја поддршка е ветер во грб, а особено ако доаѓа од локалната власт, затоа Општина Охрид е подготвена за соработка и партнерство во целокупниот процес за развивање на локални иницијативи за социјално преприемништво. По примерот на современите европски практики, ги поттикнувам сите компании, невладини организации, образовни институции и другите социјални установи активно да се вклучат во овој процес – истакна Пецаков.

Градоначалникот на Охрид изрази надеж дека концептот на социјално преприемништво ќе прерасне во една успешна приказна во Охрид и целиот Југозападен регион и ќе придонесе за долгорочни социјални промени во општеството.

На саемот во Охрид беше презентирана работата на 14 организации од Југозападниот регион кои функционираат како социјални претпријатија.

Проектот „Поддршка на социјално претприемништво“ е поддржан од Европската Унија, а го спроведува Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top