Протести на екологистите кај Градска плажа

Екологистите и жителите од овој реон денес јавно го искажаа својот револт против загадувањето и оградувањето на дел од езерото.

 |  Татјана Маленкова  | 
reka
река

Екологистите и жителите од овој реон, денес јавно го искажаа својот револт против загадувањето и оградувањето на дел од езерото. Тие го кренаа својот глас против еколошките проблеми со кои секојдневно се соочуваат. На собирот се приклучија и гости кои години летуваат на овој дел од крајбрежјето.

ekologisti„Голем вљубеник сум во Охрид, често летувам тука, но многу ми е жал што езерото се загадува“, вели гостинка од Скопје.

„Уште како дете ми раскажуваа дека на овој реон била првата Градска плажа, но и покрај тоа што живеам овде, такво нешто не паметам“, вели жител од овој реон.  

И покрај тоа што за денашниов протест еколозите поканиле и претставници на Министерставата за екологија и животна средина, Јавните претпријатија  и Локалната самоуправа, нив ги немаше. На денешниот собир присуствуваше само директорот на ЈП „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Тој пред присутните уште еднаш напомна дека загадувањето на езерото не е поради колекторот, туку поради дивоприклучените семејства на атмосферската канализација, наместо на фекалната.

Револтираните граѓани, покрај за еколошките проблеми, се пожалија и за оградувањето на езерото со железни огради, од страна на сопственикот на градска плажа.

„Поради овие огради, кои незаконски се поставени овде, ни се ускратува можноста слободно да шетаме по кејот на езерото“, велат револтираните граѓани.

На овие обвинувања експресно реагираше и сопственикот на комплексот Градска плажа.

Се додека овој случај не добие свој епилог, протестите ќе бидат наше секојдневие, кажаа револтираните граѓани. Преку гласот на екологистите и мештаните на Грашница изразен е и граѓанскиот револт.

Како епилог на сите овие случувања, редно е надлежните нешто да превземат и да не останат глуви на граѓанскиот апел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top