Денес пред општинската зградата во Охрид, по иницијатива на Здружението на граѓани „Христо Узунов“ се одржа протест. Мотивирани од најновите поскапувања на водата и комуналните услуги во градот, како и од се погласните коментари за можно продавање на МЈП „Проаква“, тие го кренаа својот глас против Локалната самоуправа и го вперија прстот во неа како главен генератор на сите тие проблеми.
Ристески на протестот ги искажа и своите барања кон Локалната, поточно порача, под итно да се стопираат сите преговори со странските инвеститори, бидејќи се задира во најскапоценото национално богатство, водните ресурси.
Голема толпа граѓани можеше да се забележи пред зградата на општина Охрид. Нив очигледно не ги попречи ниту времето, кое во периодот кога се одржуваа двата протести ги помеша брзините, па не се знаеше дали врне, дожд, снег или комбинација на тоа. А за коловозот преплавен од кашест снег и да не зборуваме, ретко кој си замина дома сув во стапалата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град