Протест против поставување на базана станица во Влашка маала

Жителите на Горна Влашка маала ги повикааа сите граѓани, институции и останати установи да излезат на протест утре во 17 часот за да ја поддржат нивната иницијатива за отстранување на базната станица која што се поставува на објектот над книжарницата ВАРЕ. Исто така жителите најавија дека ќе побараат измена на законската регулатива за поставување на базни станици посебно во урбани средини.

 |  Николоска Биљана  | 

Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“.

Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина Охрид, да ни се приклучат на овој протест и да помогнат во решавање на овој проблем кој ги засега сите граѓани“.

Жителите на Влашка маала својот револт за поставување на ВИП антената над објектот од книжарницата ВАРЕ го оправдуваат со тоа што побарале стручно мислење од експерти од областа радиестезија. Петар Трајановски вели дека претставници на мобилниот оператор ВИП во неколку наврати ги разубедувале дека антената не предизвикува никакви штетни последици, но дека во тоа не поверувале ниту најмалите жители од малата.

Точно знаеме и сме информирани дека се работи за огромно зрачење кое што е многу штетно. Ние не се откажуваме, ќе се вклучат и другите урбани заедници, антената треба да се отстрани, значи ако не го почитуваат здравјето на возрасните нека го почитуваат на најмладите“.

Како институција која носи одговорност кон идните генерации за здрава животна средина, сознанијата дека се подигнува мобилна антена во близина на нашата установа кај нас предизвика паника, изјави Розе Костеска, директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска “ .

Пред една недела во ОУ „Христо Узунов“ имавме средба со некои кој што се претставија дека се експерти од таа област, но според контрадикторните одговори кои ги даваа на нашите прашања кај нас забуната стана уште поголема со оглед на тоа што кажаа дека најмалку се зрачи на местото каде што е поставена антената. Исто така во нивната изјава кажаа дека нивните вработени кои што работат во близина на антените на секои два часа ги променуваат. Мораме да предизвикаме промена на законската регулатива бидејќи во неа пишува дека не смее да се поставуваат во планини заради заштита на мечки и волци ако треба да ги заштитуваме животните тогаш децата и жителите на градот што останува за тоа“.

Жителите на Горна Влашка маала кажаа дека ќе побараат измена на законската регулатива за поставување на базни станици посебно во урбани средини. Инаку иницијативата за отстранување на антената на мобилниот оператор ВИП од страна на жителитебеше покренаа при крајот на минатиот месец. Тие реагираа на ниската поставеност на антената, штетноста од емитување на електромагнетните зрачења кои овој апарат ги генерира зголемувајќи го ризикот од канцер кај граѓаните. Кон граѓанската иницијатива се приклучи и советот на родители од училиштето Христо Узунов, кои исто така побараа отстранување на базната станица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top