Протестите во ЈП Билјанини Извори ставени во мирување

Вработените кои си ги бараат неисплатените плати на директорот му дадоа 100 часа да изнајде решение за проблемите на ЈП.

 |  Маленкова Татјана  | 
protesti JP Biljanini Izvori
протести ЈП Билјанини извори

 

Неколкучасовна средба помеѓу новоназначениот директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветковски  и претставници на синдикатот на претпријатието. На конструктивната и позитивистичка средба, како што беше оценета и од едната и од другата страна, било договорено протестите кои започнаа минатаа недела да бидат ставени во мирување, со цел, директорот да се снајде во новонастаната ситуација. Тие побараа од в.д директорот Цветковски да го информира градоначаникот и локалното раководство за нивните барања и заеднички да изнајдат решение за наталожените проблеми во ЈП Билјанини извори.

„Дадени му се симболично 100 часа. На премиерите и градоначаниците им се дава по 100 дена, а него 100 protesti JP Biljanini Izvoriчаса да изнајде решение заедно со локалното раководство градоначалникот и стручните служби да изнајдат решение за решавање на нашите проблеми“, вели претседателот на синдикатот на ЈП Билјанини извори, Зоран Стевоски.

На средбата на директорот стриктно му биле прецизирани барањата на вработените. Тие се категорични дека доколку истите на се исполнат штрајкот повторно ќе се активира.

„Нашите барања се во текот на овој месец да се поделат две плати. Веќе е договорено во текот на оваа недела да се подели една плата, а нашите барања се во текот на месецов  до 31 мај да се подели уште една плата, а со тек на работата и приходите кои ќе се сливаат во ЈП да се решаваат и проблемите во текот на наредниов период.  Ако овие барања не се реализираат ќе ги интензивираме активностите за активирање на протестите пред ЈП и ќе го информираме директорот дека ќе започнеме со активности за штрајк“, вели Стевоски.

Протестите во Билјанини Извори започнаа на 7 мај. Причина за овој потег на вработените се неисплатените 4 плати и придонеси, немањето на сини картони , а со тоа и здравствена заштита.

Инаку, касата на ЈП не само што е празна, туку е и блокирана од УЈП, по основ на неплаќање на ДДВ. Во овој период, приливот на средства се од наплатата на малкуте паркинзи со кои стопанисува ЈП и од надоместоците кои на ЈП му ги плаќаат рекреативните група кои ги користат терените, спортската сала и стадионот. Но овие пари ни од блиску не се доволни за покривање на трошоците на ова ЈП.

{loadposition content9}

 

Неколкучасовна средба помеѓу новоназначениот директор на ЈП Билјанини извори, Иван Цветковски  и претставници на синдикатот на претпријатието. На конструктивната и позитивистичка средба, како што беше оценета и од едната и од другата страна, било договорено протестите кои започнаа минатаа недела да бидат ставени во мирување, со цел, директорот да се снајде во новонастаната ситуација. Тие побараа од в.д директорот Цветковски да го информира градоначаникот и локалното раководство за нивните барања и заеднички да изнајдат решение за наталожените проблеми во ЈП Билјанини извори.

„Дадени му се симболично 100 часа. На премиерите и градоначаниците им се дава по 100 дена, а него 100 часа да изнајде решение заедно со локалното раководство градоначалникот и стручните служби да изнајдат решение за решавање на нашите проблеми“, вели претседателот на синдикатот на ЈП Билјанини извори, Зоран Стевоски.

На средбата на директорот стриктно му биле прецизирани барањата на вработените. Тие се категорични дека доколку истите на се исполнат штрајкот повторно ќе се активира.

„Нашите барања се во текот на овој месец да се поделат две плати. Веќе е договорено во текот на оваа недела да се подели една плата, а нашите барања се во текот на месецов  до 31 мај да се подели уште една плата, а со тек на работата и приходите кои ќе се сливаат во ЈП да се решаваат и проблемите во текот на наредниов период.  Ако овие барања не се реализираат ќе ги интензивираме активностите за активирање на протестите пред ЈП и ќе го информираме директорот дека ќе започнеме со активности за штрајк“, вели Стевоски.

Протестите во Билјанини Извори започнаа на 7 мај. Причина за овој потег на вработените се неисплатените 4 плати и придонеси, немањето на сини картони , а со тоа и здравствена заштита.

Инаку, касата на ЈП не само што е празна, туку е и блокирана од УЈП, по основ на неплаќање на ДДВ. Во овој период, приливот на средства се од наплатата на малкуте паркинзи со кои стопанисува ЈП и од надоместоците кои на ЈП му ги плаќаат рекреативните група кои ги користат терените, спортската сала и стадионот. Но овие пари ни од блиску не се доволни за покривање на трошоците на ова ЈП.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top