Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур

Просторот околу маркетот Рамстор во Охрид, и ова лето наликува на пазар или панаѓур. Стока изложена околу влезот на маркетот, пакети со производи, палети на тревникот, во строгиот центар на градот веднаш до плоштадот на најфреквентната локација со туристи. Граѓаните негодуваат дека таква слика не доликува ни на маалска продавница а камо ли на бренд како што е Рамстор.

 |  Јаковлева Лионела  | 

И ова лето граѓаните реагираат дека просторот околу маркетот Рамстор е несреден и натрупан со пакети , палети и стока. Местото на производите им е на рафтови или во магацин а не околу маркетот, на тревникот и тротоарот. Сето тоа создава една грда слика во самиот центар на туристички Охрид веднаш до градскиот плоштад и Летница.

Граѓаните секое лето реагираат на ваквата пракса на Рамстор да ја чуваат стоката околу самиот маркет . Не ретко се сличува и на температура од над 30 степени, изложени на сонце и светлина да се чуваат цели палети со вода и безалкохолни пијалоци. Стока се остава и чува надвор од објектот до самиот плоштад. На ваква слика реагираа граѓани до ТВМ и минатите години. Потрошувачите очекуваат поголема дисциплина во спроведувањето на стандардите посебно од познати ланци на маркети.
ТВМ телевизија ја контактира маркетинг службата на Рамстор од каде побара одговор кога и како планираат да го расчистат просторот околу нивниот маркет во Охрид. До изготвувањето на овој прилог не добивме одговор. Истото прашање им го поставивме и ланската туристичка сезона и во 2015та година. Одговорот од дирекцијата на синџирот маркети Рамстор и во двата наврати беше буквално идентичен. Тврдеа дека ги запазувале сите стандарди за манипулирање со производите и дека артиклите кои го заземаат просторот пред самиот маркет и преставуваат грда слика за купувачите и минувачите во најбрз рок ќе бидат отстранети, а добавувачите ќе ги известат при дотур на стоката да не ја оставаат на тротоарите. Но, очигледно тоа нема да се случи за брзо и охриѓани и туристите и годинава ќе ја гледаат истата слика пред Рамстор.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top