Шест приведени лица по синоќешната акција на СВР-Охрид, за откривање на група која организирала проституција.
Полициските службеници , успеала да открие и опојна дрога марихуана сокриена во машина за перење во станот во кој била организирана проституција. СВР-Охрид против три од приведените лица ќе поднесе и соодветни кривични пријави.
Фатена група која организирала проституција во приватен стан во Охрид. Во синоќешната акција спроведена од страна на СВР-Охрид биле приведени шест лица. Во текот на денешниот ден од СВР најавија и преземање на дополнителни активности со кои ќе се заокружи акцијата и ќе биде прекинато дејствувањето на групата. Против тројца од шестмината приведени, СВР-Охрид во текот на денешниот ден ќе поднесе и соодветни кривични пријави.
„Се работи за кривично дело „Посредување во вршење проституција“ и „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотични супстанци“. Она што исто така можам да кажам во врска со вчерашната акција е дека СВР-Охрид, извесен период работеше на реализацијата на овој случај, на пронаоѓање на оваа група која што еден извесен период ваквите активности ги организираше во стан, сопственост на 48 годишен охриѓанец.“-рече портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
Сопственикот настанот веќе подолго време и е познат на СВР-Охрид бидејќи и во минатото бил кривично гонет и осудуван за кривичното дело „Измама“. Инаку во акцијата на СВР, биле пронајдени и околу три килограми опојна дрога, марихуана, која била сокриена во алишта оставени во машина за перење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град