25 Мај е датумот на кој некогаш се славеше Денот на младоста и роденденот на маршалот на СФРЈугославија, Другарот Тито.
Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито.
Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата.
„За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител, наставник, професор, директор, адвокат, судија, полицаец, војник, офицер, лекар, слуќбеник, свештеник и пред се граѓанин на СФРЈ. Со други зборови чест и задоволство беше да се родиш, да растеш, школоваш, работиш и што е најважно да живееш“.
Стојчески нагласи дека не треба да се заборави каков бил статусот на земјава кога била во рамките на СФРЈугославија. Тогаш имало целосна вработеност, бесплатно образование и здравствена заштита, безвизен режим со над 60 земји, безбедно општество и општество без корупција и криминал, додава тој
„Во периодот на 1941 – 1991 година Македонија ги оствари највисоките дострели на социјален, економски, културен и политички план што високо се цени во хуманистичките и научните кругови и културниот свет од Јапонија до Норвешка од САД до Јужна Африка“.
И годинава традиционално, во чест и по повод 25 Мај, седумчлена делегација на Здружението граѓани почитувачи на ликот и делото на Јосип Броз Тито од Охрид, заминаа во посета на музејот, куќата на цвеќето, за да положат буќет цвеќе на Дедиње во Белград, каде што е погребан Тито.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град