Нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот, рече Премиерот Груевски.
Ние чекавме и трпеливо ќе чекаме да биде исправена неправдата од Букурешт. Паралелно на тоа нашите војници ќе продолжат да учествуваат рамо до рамо со нивните колеги од НАТО, во задачите за воспоставување на мир и ширење на демократија во светот. Ова го истакна премиерот Груевски на официјалното отварање на Состанокот на Министри за одбрана од земјите од Југоисточна Европа.
При тоа трпеливо ќе чекаме да дојде моментот кога и нашите политичари ќе бидат во состојба рамноправно на една маса да седнат со нивните колеги од НАТО Алијансата, рече Претседателот на македонската влада.
РМ е одлучна да да ги продолжи процесите и активностите кои конечно ќе доведат до нејзино целосно евро- атланско интегрирање преку стекнување полноправно членство во НАТО, за што Владата и понатаму ужива огромна подршка од граѓаните, им се обрати на присутните Груески.
Премиерот потенцира: „ Нема никакви дилеми дека РМ продолжува да ја споделува одговорноста и напорите на Алијансата за справување со тероризмот и видоизменетите зкани по меѓународниот мир и безбедност и за ширење на демократските принципи и вредности во светот“ .
По официјалното отворање на конференцијата, средба со Секретарот за одбрана на САД, Роберт Гејтс остварија Претседателот на РМ, Бранко Црвенкоски, Премиерот Груевски и македонскиот Министер за одбрана, Зоран Коњановски.
Попладнево се одржа и церемонија за откривање на Симболот на десетгодишнината од потпишувањето на Договорот за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град