Проширување на гробиштата

Охридски Kомуналец уредува простор со кој се добиваат нови 250 гробни места.

 |  Татјана Маленкова  | 
парцели
parceli

Со овој зафат  Охрид ќе нема проблем за гробни парцели во тековнава година. Трајното  решение се очекува по пат на експропријацијата на остатокот од земјиштето.

Од Охридски Комуналец велат дека со новиот пристап на работа, повеќе нема да има неуредени гробни парцели, и дека граѓаните повеќе нема да газат во кал.

Saso Alcev„Најпрво ќе се нивелира овој простор, ќе се израмни, а потоа ќе започнеме со уредување на тој дел.Просторот ќе се поплочи со бекатон плочки и хортикултурно ќе се уреди“, вели в.д. директорот на ЈП.

Просторот кој сега се уредува, во прво време имаше друга намена. Зелениот простор служеше  како појас кој го делеше магистралниот пат од градските гробишта. Со уредувањето на овој дел од гробиштата ништо не е нарушено надвор од оној концепт кој се бара со закон, вели Алчев.

Шпекулациите дека просторот кој сега се уредува бил чуван за елементарни непогоди, Алчев ги побива.  Тој вели дека за такви активности се делува апоред плановите на Р македониа поточно според законот за гробишта кој е во сила. Со него децидно се определени начините и методите на сите тие активности. Ништо не е нарушено надвор од концептот кој се бара со закон, вели в.д. директорот на Комуналец.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top