Бројни работни обврски, 12 часа во денот, 7 дена во неделата- е секојдневието на Боро Павлоски, кандидатот за градоначалник од ЛДП.
Бројни работни обврски, 12 часа во денот, 7 дена во неделата- е секојдневието на Боро Павлоски, кандидатот за градоначалник од ЛДП. Политичкиот ангажман дополнително го скратува неговото слободно време. Сепак, време има, вели Павлоски, зависи само од добрата организација.
Слободните мигови најчесто ги минува со својата сопруга Виолета со која е во брак 20 години. За своите два сина потенцира дека е родител, но истовремено и другар. Во друштво на поголемиот син Александар- студент на Електро- техничкиот факултет во Скопје и средношколецот Игор често може да се сретне во некое од охридските кафулиња. Тие се омиленото место и за средба со неговите пријатели.
Павлоски за себе вели дека е просечен романтичар кој се релаксира со звуците на својата омилена група Бело Дугме. Заедно со синовите често ги преслушуваат познатите хитовите на оваа група. Љубовта кон музиката постои уште од најмладите години, кога Павлоски го завршил основно музичко училиште, отсек виолина.
Во кујна не влегува за да готви. Затоа пак, мајстор за поправки во нивната куќа не е потребен- Павлоски сам ги извршува ваквите домашни работи.
Инаку, кандидатот за градоначалник од ЛДП и актуелен директор на ЈП КОмуналец, Боро Павлоски е роден во 1959 година во Охрид каде и го завршил своето средно образование. Во 1983 год. Дипломирал на електро- техничкиот факултет во Скопје.
Павлоски од секогаш им се восхитувал на успешните градоначалници. За да се кандидира за оваа функција, освен љубовта кон Охрид и почитта кон сограѓаните, за Павлоски пресудни биле и желбата да се направи уште повеќе за развојот на својот роден град.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град