Пропаднат дел од асфалтот на ул. „Стив Наумов“ во Охрид

Асфалтот на ул „Стив Наумов“ пропаднат. Шабан Шабаноски жител на оваа улица вели дека платил комуналии, инвестирал во објекти пари што тешко и чесно ги заработил работејќи во странство и сега бара од локалната самоуправа да си ја врши својата работа и да го санира патот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Пропаднат дел од асфалтот на ул. Стив Наумов во Охрид. Состојба е лоша подолг временски период, а дополнително кон тоа допринеле камионите со грозје кои во летниот период со денови стојат паркирани на оваа улца вели Шабан Шабаноски, кој живее на оваа улица. Шабаноски е револтиран на Локалната самоуправа на Охрид, вели дека неколку месеци оди кај надлежните од комуналниот сектор но досега освен ветувања не добил ништо.

„Одам во општина да го направат патот, не го прави никој. Од месец октомври секоја недела одам таму, и тој Змејко вели ќе дојдам утре, утре…. а патот е оштетен гледате. Инвестирав тука над половина милион евра и еве вака со кого да се разберам сега. Пред 4 дена Змејко ми рече утре доаѓаме да го направиме вели и зборува на телефон, можеби и не зборува со никој но предмене зборува и вели ќе дојдиме

Шабаноски долги години живеел во Германија од каде и се пензионирал. Вели дека никаде во светов не сретнал слична состојба со патната инфраструктура како таа што е пред неговиот двор, а уште помалку, како што рече, арогантна и непристапна јавна администрација.

„Ова е страшна работа никаде го нема, но барем да дојдат да ги закрпат дупките. Овие не доаѓаат ништо да направат. Градоначалникот две години не ме прима, со секретарката се скаравме и го однесов изводот од планот и таа ми рече дека сум направил дивоградба“

Револтот на Шабаноски е голем. Тој рече дека сака повторно да си замине Германија како на раат би ги поминал неговите пензионерски денови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top