Пронајдено телото на исчезнатиот охриѓанец

Утрово езерото го исфрли безживотното тело на Сребре Наумоски.

 |  Татјана Маленкова  | 
Srebre Naumoski
Сребре Наумоски

Утрово езерото го исфрли безживотното тело на Сребре Наумоски.

Околу 08,00 часот во СВР Охрид било пријавено безживотно тело во охридксото езеро во делот на градското пристаниште. По ова сознание полициските службеници излегле на лице место направиле увид во присуство на истажен судија, патолог и екипи на СВР Охрид.

„ Од првичните сознанија констатирано е дека се работи за Сребре наумоски роден 1948 год, кој во СВР охрид беше пријавен за исчезнат на 29 минатиот месец. Од она што е констатирано можамм да потврдам дека на телото нама траги на насилство и лешот е предаден на семејството“, вели портпаролот на СВР.  

Стефан Димоски потврдува дека сеуште интензивно се трага по Лета Ц, која за исчезната во СВР беша пријавена на 25 октомври.

Пребаран е брегот, но и поширокото подрачје. Вклучени се сите мерки и целиот оперативен систем на СВР Охрид. Се прават анализи и на се што е пронајдено во чантата на исчезната. Овие анализи треба поконкретно да ни прецизираат што се случувало пред нејзиното пријавување за исчезнување во СВР од страна на најзините родители.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top