Секторот за внатрешни работи Охрид, го пронајде и го повика на разговор косовскиот државјанин А.Б. (30) од Приштина. Истиот, на 22 овој месец, во полициската станица во Струга беше пријавен за исчезнат.

Пријавител беше неговиот татко И.Б. (65) од Приштина, според кого, утрото околу 9 часот А.Б. ја напуштил куќата во Струга каде заеднички престојувале. По добиениот детален опис, работејќи на реализација на пријавениот настан, полициските службеници, вчера во раните утрински часови го забележаа А.Б. на кеј „Македонија“ во близина на пристаништето во Охрид.
Со него беше извршен разговор во инспекторатот за странци во СВР Охрид каде е констатирано дека А.Б. има остварено легален влез во Република Македонија по што истиот е предаден на неговиот татко.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град