Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид.
Нема видливи повреди и траги на насилство врз безживотното тело пронајдено во кампот „Партизан“ во населбата „Воска“ во Охрид.
Ова беше констатирано од стана на докторите на охридската Брза помош, откако беше извршен увид и медицинскиот преглед врз телото кое денес беше пронајдено во кампот.
– Од извршениот увид, предводен од Јавен обвинител во содејство со полициски службеници на СВР Охрид, констатирано е дека се работи за 49-годишниот Есад М. од Охрид кој во СВР Охрид беше пријавен за исчезнат на седми овој месец. Според наводите во пријавата поднесени од неговиот брат, сега починатиот последен пат бил забележан на втори февруари годинава, а неговото место на живеење било во камп приколка од Феријалниот сојуз во населбата „Воска“, информираат од СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, во текот на утрешниот ден врз безживотното тело ќе биде извршена обдукција во Судска медицина при Медицинскиот центар во Битола.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град