Пронајдени вредни артефакти во приватна куќа во Охрид

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации, изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“ извршена на 06.11.2013 година.

 |  Голабовски Крсте  | 
артефакти
artefakti

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со СВР Охрид, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и информации, изврши претрес на дом и други простории во Охрид кај сопруга на лице осомничено во врска со истрагата за НУ Музеј Македонија, кое се товареше за сторено кривично дело – “кражба“ извршена на 06.11.2013 година.

artefaktiЗа време на претресот беа пронајдени три сефа, кои беа отворени под сомнение дека во истите се наоѓаат предмети кои можеби потекнуваат од кривични дела. Во еден од сефовите пронајдени се 8 метални предмети од историско значење, кои преставуваат делови од народна носија и тоа едно метално ланче со 58 метални привезоци во вид на парички, едно метално ланче со 12 синџирчиња и еден метален брош, еден женски везан колан за носија со 49 монети со различна големина, еден метален машки колан, четири метални предмети со украсни гравури и четири метални делови на кои на два има четири броша.

Исто така при претресот во поткровниот дел на куќата пронајдени се 12 дрвени предмети во форма на секири, боздоган и еден меч, како и една икона. Поконкретно, по извршениот претрес пронајдени се и со потврда одземени се следните предмети: еден предмет со метална облога во вид на боздоган со должина од 53 см., еден метален предмет во вид на меч со должина од 104 см., еден метален предмет во вид на секира со заштитен долен дел со должина од 70 см, еден предмет со метална и платнена облога во форма на боздоган со должина од 55 см., еден предмет со метална и дрвена подлога во вид на секира со зашилен горен дел со должина од 75 см., еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп во вид на секира со алка на горниот дел со должина од 100 см., еден дрвен предмет со конопна облога на горен дел поврзан со синџир и тег со должина од 106  см.,  еден предмет во вид на секира обложен  на долниот дел со коноп со должина од 119 см.,  еден предмет со дрвена рачка обложен на средина со коноп со двострано сечило во вид на секира со должина од 119 см., еден предмет со метална рачка во форма на секира со должина од 61 см., еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп и метал со двострано сечило во вид на секира со должина од 125 см, еден предмет со дрвена рачка обложена со коноп со зашилен горен дел во вид на секира со должина од 90 см, една дрвена икона – “Успение на Пресвета Богородица“ со димензии 39х31 см.

Предметите се фотографирани од страна на ОКТ и со потврда се предадени на ПС од Оддел за сузбивање на сериозен и насилен криминал при МВР на РМ. Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во однос на пронајдените премети ќе биде доставен посебен извештај до Основно Јавно обвинителство Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top