Пронајдени Унгарските туристи

Успешен епилог на приказната за исчезнувањето на Унгарските туристи, во водите на Охридското Езеро.

 |  Маленкова Татјана  | 
ungarski turisti
Унгарски Туристи

Унгарските кајакари на кои на петти мај им се изгуби трага кај авто-кампот Градиште во Охрид се пронајдени живи и здрави на сред езеро. Тројцата мажи и две жени полицијата ги пронајде попладнево на потегот меѓу Градиште и Радожда.
Туристите се во добра здравствена состојба.  
По првичните разговори Унгарците потенцираа дека им е жал што дошло до сетоа ова, како и за начинот на ungarski turistiкој се информирало за нивното наводно исчезнување. Тие беа видно изненадени од медиумската прашина која се кренала за нив, но не ја криеја и нивната воодушевеност од убавината на Езерото.

„Охридското езеро е најубавото нешто што сум видел во мојот живот. Никогаш не сум бил овде, но сум фасциниран од она што го видов.  Сум веслал  во Тајланд, Индонезија но и во многу други места во светов, но сметам дека ова е најубавото што сум го посетил. Македонците се прекрасен народ. Ќе се вратам повторно“, вели туристот од Унгарија.

Полициската потрага по туристите од Унгарија СВР ја започна утрово. Беа вклучени повеќе тимови кои спроведоа интензивна езерска и копнена потрага, како и разговори со граѓани и рибари. Сето тоа помогна туристите веднаш да бидат пронајдени.

„Денеска Езерската полиција и СВР изведоја успешна спасувачка акција, во која ги пронајдоа кајакарите од република Унгарија. По интензивна потрага денеска ги пронајдовме на потегот помеѓу Градиште и Радожда. Сите се живи и здрави“, вели портпаролот на СВР, Стефан Димоски.

ungarski turisti

За среќа унгарските туристи се во одлична здравствена состојба. Дознаваме дека нашите служби веќе контактирале и со Амбасадата на Република Унгарија во Македонија, со цел да ги информираат за целиот тек на настаните.
Унгарските кајакари за исчезнати беа пријавени на петти мај, од страна на чуварот на авто кампот Градиште.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top