Фирмите кои се месечни даночни обвзници, должни се до 31 декември да се регистрираат на системот е-Даноци.
Даночните обврзници кои според Законот за даночна постапка се обврзани да го користат системот на е-Даноци, должни се најдоцна до 31 декември 2012 година да се регистрираат на е-Даноци, односно да мигрираат од стариот на новиот систем на е-Даноци. Токму поради оваа промена преставници од регионалната дирекција од Битола пред сметководителите во Охрид извршија презентација на системот е – Даноци. Системот за електронско поднесување на даноци во Управата за јавни приходи функционира повеќе години, но од 01 јануари следнава година поднесувањето на ДДВ 04 треба да се поднесува законски. Промената први ќе ја почувстуваат месечните даночни обврзници. Тримесечните пак, даночни обврзници, поднесувањето на ДДВ 04, треба да го направат од 01 јули 2013 год.
„Поднесувањето на електронските даноци т.е ДДВ 04 е доста голема предност, затоа што не се губи време. Даночните обврзници во секое време може да ја видат даночната картица до каде е со нивното плаќање, во секое време обврската што ја имаат со данокот може да ја платат по електронски пат, системот работи 24 часа и има и доста други предности. На сите даночни обвзници кои што се месечни им препорачуваме од 01.01. 2013 год. Да го прифатат овој систем и да поднесат затоа што месечните даночни обврзници само прику електронски пат може да ги поднесат ДДВ 04“, вели Рејна Стефаноска, раководител на подрачно одд. Охрид.
Од УЈП Битола велат дека оние кои веќе го користат системот на е – Даноци, го имаат и почувствувано благодетот како во поглед на пополнување и испраќање на даночни пријави, така и во поглед на услугите, односно гледање на даночна картица. „Обуките продолжуваат и понатака и може да не контактираат секогаш кога ќе се појави проблем, а сето тоа го решеваме во од. Системот е надограден, се јавуваа одредени проблеми , но досега успешно се решаваат“, вели Злате Муневски кој е помлад асистент во услуги на даночни обврзници.
„Се надевеме дека ќе биде онака како што функционира системот за интегрирана наплата и така и ќе биди. Да несе двоумат и да не се плашат слободно да набават домејн да се најават во системот и да не контактиктираат за сите проблеми кои им се јавуваат. Стариот систем е во употреба и може да го користат до 31.12, но согласно законот за даночна постапка за месечните е законска со овој електронски ситем ќе може да се поднесуваат и даночни биланси, но и сите останати обрасци ФА 01, 02, 03., за фискализација, а за скоро време и сите останати обрасци кои треба да се поднесуваат во УЈП, а таа предвидува користење на овој нов, надограден и посигурен систем. Не дека стариот не е сигурен, но новиот има ги земено во предвид и многу побитни од правен аспект работи, затоа треба да има физичко лице кое ќе поседува дигитален сертификат инсталиран на УСБ токен“, вели Злате Муневски,помлад асистент во УЈП Битола.
Даночните обврзници за да се пријават во системот е – даноци треба да исполнат неколку предуслови. Првиот и единствен е да поседуваат интернет врска и правните лица мора да имаат е маил адреса во централниот регистар. При регистрација и мигрирање во новиот систем, се користи адресата од централниот регистар. Доколку во активирање на оваа постапка се јави проблем, даночните обврзници најпрво треба да се обратат во центрлниот регистар, а доколку се покаже дека проблемот не е во централниот регистар тогаш клиентите се обраќаат во управата на е – даноци во регионалната канцеларија во Битола.
Обуките за користење н системот е – Даноци продолжуваат но и покрај тоа, тимовите од УЈП се достапни и на телефон и на маил се со цел да им помагаат на даночните обврзници во решавање на проблемите.
Со новиот електронски систем на УЈП, не само данокот туку фирмите ќе може да поднесуваат и даночни биланси, но и сите останати обрасци, како што се ФА 01, 02, 03.. за фискализација, а за скоро време и сите останати обрасци кои треба да се поднесуваат во УЈП.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град